Како да ги светнете белите обувки?

Во совршениот свет, сладоледот би немал калории, а белите обувки не би се валкале. Но, не живееме во совршен свет, ама имаме неколку совети како да ги исчистите белите обувки за да изгледаат како да сте ги купиле денеска.

Белите патики, чевли и чизми се голем тренд во моментов, и за мажите и за жените. Бидејќи белата е неутрална боја, лесно се комбинираат со многу аутфити. Но, нивната најголема маана е што брзо се валкаат, а и тешко се чистат.

Со овие совети, белите обувки ќе ви останат чисти, а вашите комбинации ќе бидат беспрекорни.

Кожени чевли и чизми

Кожата е еден од полесните материјали за чистење бидејќи не апсорбира вода како некои други материјали. За чистење на кожени обувки ви треба крпа, памучна крпа, сапун и сунѓер за чистење кожени обувки.

Најпрво со мокра, добро исцедена крпа исчистете ги чевлите од површинските нечистотии и оставете ги да се исушат десетина минути.

Потоа намокрете го сунѓерот и добро истријте ги ѓоновите. На памучната крпа втријте сапун и убаво исчистетеја ја кожата на чевлите додека не ги остраните сите дамки и нечистотии. Избришете го вишокот сапун и оставете ги чевлите да се исушат десетина минути.

Бели старки

Можеби мислите дека е најтешко да се исчистат бели платнени патики, но постапката е прилично едноставна. И тоа со два производи што ги имате дома – сода бикарбона и алкохолен оцет.

Помешајте малку топла вода со една кафена лажичка сода бикарбона и две лажички оцет додека не добиете смеса со текстура на паста. Земете од смесата со памучна крпа или четкичка за заби и исчистете ги патиките. Оваа паста брзо се суши, затоа исчистете го вишокот и оставете ги патиките да се сушат на отворено, не директно на сонце.

Обувки од антилоп

Чистењето на обувки од антилоп може да биде многу тешко бидејќи овој материјал многу лесно и брзо се валка. Сигурно сте забележале дека речиси и нема обувки од антилоп во чисто бела боја, па на овој начин можете да ги исчистите и сите нијанси на крем и „валкана бела“ боја.

Потребни ви се памучна крпа, гума за бришење, алкохолен оцет и четка за чистење антилоп. Обувките исчистете ги со мокра крпа, а потоа со лесни движења исчистете ги со чиста гума за бришење.

Со крпа намокрена во алкохолен оцет лесно исчистете ги останатите дамки. На крај, со четка наменета за чистење антилоп исчеткајте ги обувките за да им ја вратите кадифената текстура.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе