Стил

Како да го нанесете парфемот за да трае подолго?

9. јануари 2017 - 11:09 | Кајгана

Доколку сакате вашиот парфем да трае и да мирисате убаво во текот на целиот ден, тогаш - треба да го нанесувате на одредени места. 

Веројатно, како и повеќето луѓе, парфемот го нанесувате на вратот или на зглобовите од рацете, но мирисот тука не се задржува долго. Парфемот обично се става на места кои можат да развијат топлина, бидејќи со загревање, мирисот се шири секаде околу нас.

На врвовите на ушите

Со години е познато дека парфемот се нанесува зад ушите, но стручњаците тврдат дека мирисот ќе биде подолготраен доколку го нанесете на врвовите на ушите.

Коса

Мирисот влегува во влакната, па поради тоа парфемот ќе биде подолготраен. Исто така, парфемот ќе се залепи на било кој производ кој сте го користеле по миењето на косата.

Лакти

Пулсот се чувствува и на внатрешната страна на лактите, па затоа се идеално место за нанесување парфем. 

Зад колената

Вените тука се блиску до површината на кожата, а ова место секогаш е топло и нежно, па е идеално за нанесување на парфем во лето.

Коментирај