На почетокот на оваа година популарната онлајн видео игра „Fortnite“ беше достапна само за корисниците на Samsung. Оние кои поседуваа Galaxy S9 или Note 9 можеа да ја играат а останатите беа приморани да почекаат. Чекањето сега е завршено и „Fortnite“ е достапна за (скоро) сите телефони со Android.
Оваа недела компанијата Epic Games ја направи „Fortnite“ достапна за широката публика.
Претходно корисниците на смартфони со Android оперативен систем кои не се произведени од Samsung мораа да се пријавуваат на листа за чекање, па да добијат покана пред да можат да ја инсталираат апликацијата. Сега играта му е достапна на секој корисник чиј телефон ги има спецификациите потребни за играње на „Fortnite“: Android 8.0 или понов, минимум 3GB RAM и процесор од најновата производна линија.
За да ја инсталирате играта ќе мора најпрво да ја симнете инсталацијата Fortnite Installer од Epic. Оваа игра не можете да ја најдете на Google Play store, така што ова е единствениот начин да дојдете до неа. Можете да ја симнете на линкот тука.
„Fortnite“ за првпат се појави во 2017 година и оттогаш стана огромен хит кај публиката ширум светот. Оваа видео игра ја играат преку 130 милиони луѓе во светот и таа има преку 78 милиони корисници месечно.