Интернет

Како да ја исклучите опцијата за препознавање лица на Facebook?

4. септември 2019 - 16:05 | А.С.

Компанијата Facebook соопшти дека го укинува софтверот за препознавање лица на пријателите на фотографии објавени на тајмлајнот на корисниците на социјалната мрежа што автоматски им сугерира да ги „тагнат“ односно „означат“.

Наместо „сугестија за тагнување“ Facebook ќе воведе нагодување за врамување на лицата за разни потреби, а не само за тагнување.

Корисниците на Facebook ќе може да ја вклучат или исклучат оваа опција, пренесе Associated Press.

Оние кои ќе ја вклучат новата опција ќе може да го видат известувањето за препознавање лица, но тука ќе биде и копчето за исклучување на опцијата.

Како да ја исклучите опцијата за препознавање лица?

 

Коментирај