Фит

Како да ја поминете бременоста лесно, релаксирано и без болки?

5. октомври 2015 - 10:27 |

Релаксирањето за време на бременоста е задолжително, но наоѓање на совршеното место и позиција за седење и одморање е предизвик за трудниците. Дури и лежењето на кревет знае да биде непријатно и неудобно без перница вметната во долниот дел од грбот.

Дополнителна тежина која ја носи една трудница предизвикува болки во грбот, посебно во последните месеци од бременоста. Има неколку работи што може да ги направите со цел да го намалите стресот, болките во грбот и општо, да си ја олесните бременоста.

Правилната позиција за одморање

Осигурајте се дека грбот ја има потребната подршка додека седите. Седењето на кауч, фотеља па дури и на кревет знае да биде неудобно доколку немате повеќе перничиња за поддршка на долниот дел од грбот. Идеалниот избор за седење се фотељи кои се флексибилни, меки, истовремено цврсти и прилагодливи на вашето тело и потребите на истото. ЛOTУСОТ ви даваат повеќе простор за да се истегнете, пофлексибилни и полесни за преместување низ домот, од другите фотељи. 

Па така на нив ќе може се наместите во идеалната позиција со потребната подршка на грбот, без никаков проблем. Правилно, грбот треба да биде малку накосен, градите насочено кон нанапред а не надолу, а нозете малку раширени, за да оставите простор за вашиот стомак.

Вежбајте јога

Кога се препорачува физичка активност или програма за вежбање на трудници, првиот предлог е секогаш јога. Јогата го релаксира умот и мускулите на телото истовремено, а специјалните програми на јога за трудници опфаќаат одлични вежби наменети токму за жена во бременост. 

Телото трпи промени за време на бременоста, а јогата ќе ви помогне подобро да се справите со нив. Умереното и правилно истегнување на мускули, ќе ги ја зголеми нивната флексибилност и сила, пределот на стомакот, задникот и нозете - што е особено важно во бременоста кога телото треба да носи дополнителен товар. Вежбањето јога ќе ги зацврсти и релаксира мускулите на вашето тело и ќе ве научи како правилно да седите, стоите, да се движите за време на бременоста. 

Медитирајте

Медитацијата е активност што може да ја практикувате речиси секогаш и секаде, а има одличен ефект како на психичката, а така и на физичката состојба. Има повеќе начини на медитирање, но основните нешта што ви се потребни се тивко и мирно место, перниче за седење, релаксирачка музика по желба или пак аудио водич со оваа намена. 

Со редовното медитирање го зголемувате нивото на толеранција на болка, што ќе ви користи во справување со болките во грбот но и понатаму со болките за време на породувањето. Се покажало дека медитацијата иницира релаксирање на целото тело, со тоа што го намалува ослободувањето на стрес-хормоните - чии лоши ефекти како висок крвен притисок и тензија во мускулите значително се намалуваат.

LOTUS LOUNGE CHAIR е добро познат бренд на македонската дизајнерка Анита Гај, кој веќе 7 години ги надополнува модерните амбиенти и ги освежува постоечките со акцент на модерен, мултифункционален и современ изглед, што истовремено овозможува максимален конфорт.

Флексибилна столица за опуштање, анатомски се оформува под вашето тело за да можете опуштено да потонeте и да се релаксирате. Наменет е за младиот, современ и дизајнерски ориентиран човек, со желба да поседува практичен и функционален мебел. Постоечките 8 различни модели на Лотус, креирани се да задоволат потреба на повеќе генерации како и домашните миленици.  

*Промотивен текст

Коментирај