Како да ја преболиш Меган Фокс?

Поранешниот сопруг на актерката Меган Фокс и ѕвезда на серијата „Beverly Hills 90210“, Брајан Остин Грин, се чини конечно ја преболи врската со холивудската убавица.

Според таблоидот People, тој „најде утеха“ во прегратките на танчарката Шарна Барџес. Двајцата преку социјалната мрежа Instagram потврдија дека се во врска со објавување на заедничка фотографија.

Шарна Барџис (35) од популарното шоу „Dancing with the Stars“ сподели фотографија со актерот. „Тој“, напиша кратко таа.

Грин и Барџес беа видени заедно непосредно пред Божик, а сега ја потврдија својата врска и добија бројни честитки на социјалните мрежи.

„Всушност, веќе не сум сингл“, изјави танчерката за Us Weekly во декември.

„Но, сепак е многу ново, знаете, се забавуваме, никој сè уште не го нарекува тоа врска“, рече таа тогаш.

Во мај, Остин Грин потврди дека раскинале со Меган Фокс, а актерката поднесе барање за развод во ноември.

Остин Грин, кој беше во брак со Фокс десет години, во една од епизодите на неговиот подкаст во мај минатата година потврди дека се разведуваат.

„Сакав ова да излезе од моја уста. Сакав луѓето да слушнат сè од мене", објасни тој и тогаш тврдеше дека Фокс е во врска со раперот Машин Ган Кели.

Но, се чини дека актерот не ја преболел Фокс, барем не како што се обиде да го претстави „преболувањето“ во мај кога отворено зборуваше за нивниот развод по 10 години брак.

Тој одговори на објавата на неговата поранешна сопруга на Instagram во август минатата година. Да потсетиме, актерката објави фотографија со Машин Ган Кели под која напиша:

"Убав до болка. Моето срце е твое“, напиша Меган под црно-белата фотографија на која позира со своето ново момче.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Не требаше долго за нејзиниот поранешен сопруг индиректно да реагира на оваа објава. Брајан објави серија фотографии од нивните три сина заедно, Ноа, Боди и Џрни, како и неговиот најстар син од првиот брак, Касиус.

"Момчињата се убави до болка. Моето срце е нивно“, напиша Брајан алудирајќи на објавата на Меган која ја објави само еден час порано.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе