Жени

Како да носите високи потпетици без болка?

5. август 2019 - 16:22 | М.С.

Има решение како да носите штикли без притоа да трпите болка. Трикот е едноставен: потребен ви е само фластер или медицински селотејп.

Како да носиме сандали на високи потпетици без притоа да чувствуваме болка е едно од клучните прашања кога станува збор за модата.

Се вели дека убавината е болна. Тоа се изреки со кои не сите би се сложиле, но сепак се јавуваат како аларм-потсетник кога стопалата отекуваат или пак се појавуваат рани од неудобните чевли.

Сигурно знаете дека силиконските фластери навистина помагаат. Исто така, можете да ги напрскате стопалата со сув шампон за да не клизаат напред.

Затоа, облечете ги високите потпетици и чекорете со самодоверба!

 

Коментирај