Стил

Како да патувате со ограничен буџет?

9. октомври 2019 - 14:12 | М.С.

Постоjат начини како да потрошите малку пари, а навистина да уживате.

Групни патувања

Патувањето со организирана група може да ги намали патните трошоци или трошоците за сместување.

Исто така, групното патување може да ги намали и цените на авионските карти, картите за музеј и за културни споменици; дури и рестораните оформуваат пониски цени за групна резервација.

Патувања надвор од сезоната

Надвор од сезоната, посакуваните дестинации се поевтини, но и цените на авионските карти значително опаѓаат.

Доколку не сакате да патувате надвор од сезоната, тогаш може да изберете да патувате на крајот или почетокот на сезоната. 

Проверувајте ја вредноста на валутите

Ова влијае на буџетот на патувањето. Пред да изберете дестинација, проверете го односот на валутата на вашата земја и земјата во која патувате. 

Престојувајте во предградие

Престојувајте во мало место блиско до главниот град. Ќе го избегнете метежот, а до главниот град имате многу начини на превоз.

Хостели

Хостелите се значително поевтини од хотелите, а нудат многу предности. Ќе се запознаете со други луѓе. Во хостелите најчесто престојуваат светски патници кои ќе имаат многу совети за вас.

Помош од пријател

Размислете дали познавате некој ваш пријател кој го посетил градот во кој сакате да одите. Доколку не познавате таков, побарајте информации на социјалните мрежи. Секогаш ќе се најде некој кој може да ви помогне.

Направете план

Кога имате ограничен буџет, не значи дека треба да шетате низ градот и да ги гледате фасадите на градбите. Важно е да направите план и да резервирате карти преку интернет, бидејќи така е поевтино и нема да се распродадат за терминот кој ви одговара.

Коментирај