Како да почнете да слабеете уште денеска?

А.С.
/ 17.07.2023 / 12:26

Со овие совети бројката на вагата треба да почне да опаѓа многу брзо.

За слабеење, секако е најважно да се избере одржлив метод, а не брза диета по која килограмите се враќаат.

Затоа ви пренесуваме совети од нутриционист со кои килограмите треба да почнат да се топат веднаш.

Зголемете го внесот на зеленчук

Наместо да се концентрирате на храната што треба да ја исфрлите за да изгубите тежина, концентрирајте се на јадење повеќе од добрите и здрави типови храна, како зеленчукот што има многу малку калории.

„Зеленчукот ве одржува сити подолго поради влакната и водата што ги содржи“, вели нутриционистката Кортни Д’Анџело.

„Ако зеленчукот не ви е најомилен, обидете се да го направите малку позабавно готвењето. Наместо шпагети, направете тестенини од зеленчук или едноставно додајте зелен зеленчук во смути“, додава таа.

Јадете здрави зрна

Иако кето диетата во моментов е една од најпопуларните диети, размислете добро дали сакате да ги отстраните сите житарки од вашата исхрана.

„Истражувањата велат дека јадењето јаглехидрати или цели зрна може да ви помогне да изгубите тежина. Докажано е дека јадењето житарици може да го забрза метаболизмот, што помага во слабеењето“, вели Д’Анџело.

Почнете го денот со вода

Дури и ако не сте меѓу оние што појадуваат, неколку чаши вода на празен стомак може да спречат прејадување подоцна во текот на денот.

„Хидратацијата е едноставен и ефикасен начин да ви помогне да изгубите тежина. Понекогаш, кога мислите дека сте гладни, всушност сте само жедни, особено наутро. Започнете го денот со две чаши вода. Ова ќе ви помогне да останете хидратирани и да не ја помешате жедта со глад“, вели нутриционистката Кристен Флеминг.

Џвакајте побавно

Ако сакате да го забрзате губењето килограми, забавете го џвакањето.

„Кога свесно вложувате напори за побавно џвакање, вие си помагате побрзо да слабеете. Се покажа дека јадеме помалку калории со бавно јадење“, вели Флеминг.

Јадете здрави масти во секој оброк

Јадењето храна што ве одржува сити подолго време е клучно за слабеењето. Покрај тоа, важно е вашиот приоритет да бидат здравите масти.

„Од сите макронутриенти, телото ги вари мастите најдолго и тие најмногу заситуваат. Ако целосно ги отстраните од исхраната, постојано ќе бидете гладни. Вклучете извори на здрави маснотии како авокадо, маслиново масло, семиња и сирење во вашата исхрана во секој оброк за да го намалите гладот ​​што може да го почувствувате во текот на денот“, вели нутриционистката Кајла Гирген.

Спијте повеќе

Губењето тежина нема врска само со тоа колку јадете и колку вежбате. Колку сте наспани е исто така важен фактор.

„Доколку не се одмарате доволно, вашето тело е под стрес, што има негативно влијание врз хормоните вклучени во процесот на слабеење. Исклучете ги светлата и не гледајте во екран 30 до 60 минути пред спиење. Обидете се да читате (не на смартфон, киндл или лаптоп), да се истегнете или да испиете шолја топол чај за да се опуштите“, вели Гирген.

Водете дневник на исхрана

Лесно е да се изгубите ако се обидувате напамет да следите што јадете, така што е полесно да запишете и да водите дневник на исхрана.

„Студија од 2019 година покажа дека водењето дневник за оброци, особено ако е со фотографии, придонесува за губење на поголем број килограми. Тоа им помага на луѓето да разберат како да стигнат до калориски дефицит и ги поттикнува да размислуваат што јадат“, вели нутриционистката Сара Вилијамс.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе