Како да препознаете кога некој лаже?
Дали ви се случило да фатите некого во лага? Тоа е многу потешко отколку што мислите бидејќи дури и родителите не можат да препознаат кога нивните деца ги лажат. Но, науката има објаснување и за ова.
Не им е лесно на лажговците додека смислуваат лага и ја кажуваат. Според интересниот експеримент во видеото на ASAPScience, мозокот поинаку работи кога ја кажуваме вистината, односно додека лажеме. Ќе погледнете и интересен експеримент со четири деца кои лажат, односно ја кажуваат вистината како и тоа што се случува на нашето лице додека кажуваме лага. Ефектот Пинокио има поврзаност, кога лажеме навистина нешто ни се случува со носот.