Фит

Како да се мотивирате за да вежбате и да слабеете?

5. септември 2019 - 12:31 | А.С.

Мотивацијата да се излезе на патеката за трчање, да се отиде во теретана, да се стане од удобноста на каучот воопшто, е еден од најголемите предизвици во справувањето со зголемената телесна тежина.

Борбата со вишокот килограми и омлитавените мсукули е особено потешка по 40-тата година. Една од најчестите грешки е почнувањето со многу интензивни и напорни вежби и тренинзи и високо поставени цели што сакате веднаш да ги остварите, без да му дадете шанса на телото да се подготви за шокот.

Поставувањето нереални и неостварливи цели нема да ви помогне побрзо да ослабете или да набилдате мускули, напротив, може да ви направи контрауслуга и да не сакате да вежбате.

Тогаш, како да се мотивирате да вежбате, без да се префорсирате?

Почнете полека и поставете си краткорочни, остварливи цели. Најдобро е да почнете со 30 минути пешачење секој ден, што подоцна ќе го „унапредите“ во брзо одење или трчање.

Потоа одберете физичка активност во која уживате, а не ја доживувате како измачување. Тоа ќе ви помогне дополнително да се мотивирате и со радост да го очекувате новиот тренинг.

Повеќе совети за тоа како да се мотивирате за вежбање погледнете во видеото на доктор Ентони Балдузи од Fit Father Project - Fitness For Busy Fathers.

Коментирај