Фит

Како да се мотивирате за вежбање ако мразите теретани?

7. август 2019 - 13:59 | М.С.

Да останете фит е навистина тешко, особено кога имате многу обврски во текот на работниот ден.

Дури и кога се мачите да најдете мотивација за вежбање, тешко е да најдете слободно време да заминете во теретана.  Кога правите промени во вашата рутина, одлучноста треба да биде клучна. Не одете во теретана секој ден во период од една недела, ако подоцна планирате да останете на кауч во останиот дел од месецот.

Како да го постигнете да направите практичен распоред по кој ќе се држите:

Најдете вежба која ви одговара

Прво и најважно, за да почнете да вежбате треба да ги најдете соодветните вежби кои ви  одговараат и во кои уживате додека вежбате.  Ако изберете исцрпувачки кардио вежби, тогаш со време ќе се откажете. Најдете забава во вежбањето. Ако мразите теретани, тогаш џогирајте или пешачете навечер.

Бидете практични

Одберете време од  денот кога најмногу имате енергија за вежбање. Времето на тренингот зголемувајте го постепено, не се оптеретувајте одеднаш. Потребен ви е само мал простор во некоја соба и ќебенце.

Тренирајте во група со вашите пријатели

Различните тренинзи често се рутина на многумина.  Аеробик, зумба или пилатес, супер функционира доколку не сте мотивирани да вежбате дома. Се мотивирате заедно и постигнувате успех.

Направeте план

Планот за вежбање координирајте го со вашата исхрана. После тренинзите пригответе си хранлив, протеински оброк.

Поставете цел

Поставувањето на целите е клучно за секој тренинг.  Сакате да изгледате секси на плажа? Започнете со вежбање порано. Долгорочните цели ќе ве одржат.

Бидете реални и трпеливи

Треба да бидете трпеливи кога станува збор за вежбањето.  Преферирајте да избегнувате диети. Трпението и упорноста нека  бидат вашите најефикасни сојузници.  Процесот на слабеење понекогаш е долготраен, но  едно нешто што е сигурно- секогаш вреди.

Коментирај