Лошиот здив е последица од сувост на усната празнина. Непријатен е и се појавува одеднаш.
За да се ослободите од непријатниот здив неопходна е темелна орална хигиена, па затоа внимавајте на овие совети.
Бактериите преку ноќ се таложат во устата при што предизвикуваат лош здив.
Честичките од храна, кои остануваат меѓу забите, се причина за лош здив.
Четкајте го јазикот, затоа што големиот број бактерии се собираат на него. Посветете внимание на предниот дел на јазикот.
Убаво четкајте ги забите за да не дојде до заболување на непцата. Задолжително користете конец за заби.
Лошиот здив ќе го решите и со вода. Секогаш кога ќе почувствувате дека устата ви е сува, испијте чаша вода за да го спречите лошиот здив.
Доколку константно имате лош здив, а здрави заби и непца, посетете го вашиот лекар. Проблеми со синусите можат да бидат причина за лош здив.