Бројот на интернет корисници погодени од штетен софтвер што ги краде пристапните податоци на порно сајтовите порасна за повеќе од 100% и достигна бројка од 110.000 во 2018 година.
Бројот на интернет корисници погодени од штетен софтвер што ги краде пристапните податоци на порно сајтовите е повеќе од двојно зголемен во период од една година. Бројот се зголеми од 50.000 корисници во 2017 година на 110.000 корисници во 2018 година.
Вкупно се откриени 850.000 напади. Овој раст е проследен со зголемена понуда на украдените пристапни информации на пазарите на dark web, како и со зголемување на бројот на штетни софтвери што ги изведуваат овие напади.
Овие информации се објавени во извештајот на компанијата Kaspersky Lab за заканите со кои се соочиле корисниците на сајтови со содржини за возрасни во 2018 година.
Новиот извештај покажува дека порнографските содржини, или поточно премиум профилите за порно сајтови што вклучуваат ексклузивна содржина, во сѐ поголема мера го привлекуваат вниманието на сајбер криминалците.
За да ги украдат корисничките податоци од премиум профилите на сајтовите за порнографски содржини, сајбер криминалците го дистрибуираат штетниот софтвер преку т.н. botnet – синџир од ботови или уреди заразени со штетниот софтвер кои можат да го преземат дополнителниот софтвер во зависност од целта на управувачот на botnet синџирот.
Тие го пресретнуваат преносот на податоци од жртвите и ги пренасочуваат на лажни страници кои го имитираат автентичниот сајт со содржини за возрасни што корисникот се обидува да го посети и ги преземаат сите податоци во моментот кога корисникот се обидува да се пријави на својот профил.
Бројот на напади со вакви програми поврзани со порнографски содржини се зголемил речиси тројно – од 307.868 напади во 2017 на 850.000 во 2018 година.
Во текот на минатата година експертите на Kaspersky Lab откриле 22 варијации на ботови што дистрибуираат пет „семејства“ на банкарски „тројанци“ за вакви напади.
Совети за заштита од лажни PornHub сајтови:
- Немојте да кликате на „фишинг“ линкови испратени во порака или во мејл. PornHub не испраќа мејлови и текстуални пораки во кои бара доверливи информации како лозинки.
- Ако сте во недоумица, отидете на PornHub.com и пребарувајте содржини, наместо да кликнете на линкот што сте го добиле преку порака или мејл.
- Секогаш проверувајте дали името на домејнот е PornHub.com.
Пријавете каква било сомнителна активност на security@pornhub.com.