Како да вежбате ефикасно доколку имате само 15 минути?

Доколку некој поминува два часа во теретана, не значи дека вежба ефикасно два часа (сети се на сите оние што повеќе прават муабет отколку што вежбаат). Многу лични тренери велат дека и 15 минути се доволни за добар тренинг, доколку немате повеќе време.

Доколку имате малку време на располагање, ова се советите на тренерот Дејвид Винер како да одработите што поефикасен и подобар тренинг и максимално да го искористите времето.

Испланирајте го тренингот

Еден од најдобрите начини да одработите краток, а ефикасен тренинг, е да не губите време и при тренингот да планирате што ќе правите. Наместо тоа, испланирајте ги вашите вежби однапред.

Фокусирајте се

За тренингот да биде ефикасен, потребмо е да бидете концентрирани на тоа што го правите. Затоа, отстранете сè што ве дефокусира. За некого ова значи да вежбаат сами бидејќи партнер им пречи, за некои да вежбаат со музика, за други без музика…

Тренинг со висок интезитет

Тренингот со висок интензитет е најефикасниот брз тренинг. Се изведува така што се менуваат интервали на интензивен тренинг со краток период на одмор, за теото да се одмори пред следниот интервал на тренинг. На овој начин ефикасно се согоруваат калории и се зголемува физичката подготвеност. Ваквиот тренинг е одличен и за зголемување на издржливоста и забрзување на метаболизмот.

Користете ја тежината на телото

Вежбањето со користење на тежината на телото е многу ефикасно, а и практично бидејќи не ви треба никаква опрема, а ова значи дека ќе изгубите и помалку време чекајќи да се ослободат справите и теговите кои ви се потребни. Добрата работа е што и за ваквите вежби не мора да одите во теретана, што повторно штеди време.

Ограничете си го сами времето

Доколку пред почетокот на тренингот одредите колку време ќе поминете во вежбање, ова е одличен начин максимално да го искористите времето и да вежбате поефикасно и побрзо.

Имајте резервен план

Не можете да бидете сигурни дека опремата која ви е потребна во теретана ќе биде слободна. Затоа, добро е да имате резервен план, доколку е зафатена опремата која ви треба. Пример, имајте во глава некоја друга вежба за гради доколку е зафатена бенч клупата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фит

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more

Војничка диета - ќе видите резултати за три дена

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе