Како да заштедите пари за годишен одмор?

Ако вашите примања не се доволно високи со одвојувања од 2-3 плати или со една месечна плата да си дозволите годишен одмор каков што посакувате, тогаш треба да почнете да штедите со време.

Годишниот одмор ни е потребен на сите, а каде и како ќе го поминеме најчесто зависи од нашите можности. Тоа е време кога треба да заборавите на секојдневните грижи, да ги опуштите телото и умот и да се наполните со енергија.

Ако вашите финансиски можности ве ограничуваат, за да имате одмор за кој нема да имате грижа на совест или долгови, треба да почнете да мислите со време и да заштедите пари.

Со овие три совети ќе успеете да ја остварите таа цел и догодина да отидете на вашиот одмор од соништата.

Планирајте до најмал детаљ

Трошоците на одмор брзо растат, но ако точно пресметате колку пари ќе ви требаат, ќе знаете колку точно да заштедите. Затоа треба да направите точен план во кој прва точка е да изберете каде сакате да одмарате и колку време. Потоа пресметајте ги трошоците.

Ова се неколку прашања што треба да си ги поставите: Која е целта на вашето патување? Дали на патувањето ќе посетите роднини, сакате да видите знаменитости или да правите нешто друго? Ќе патувате сами, во пар со друштво или со семејството? Во кое годишно време ќе патувате? Дали климата на местото каде што ќе патувате се разликува од климата каде што живеете? Како планирате да патувате – со авион, воз, сопствен автомобил...? Каде и како ќе бидете сместени – кај роднини, во хотел, хостел, Airbnb? Како ќе го платите сместувањето: со картичка, во кеш, на рати?

Ваквото детално планирање ќе ви помогне да заштедите на трошоци така што ќе купите карти по пониска цена ако ги резервирате порано, а истото важи и за сместувањето. Колку порано почнете со планирање, толку повеќе ќе заштедите.

Намалување на трошоците до одмор

Овој начин на штедење треба да го применувате без разлика која е целта, но годишниот одмор е прилично голема мотивација за да се откажете од некои работи што не се голем луксуз, а го олеснуваат вашиот паричник. Секојдневно може да намалите дел од трошоците за превоз (наместо со автомобил одете на работа со јавен превоз или со велосипед), за храна на работа (носете храна подготвена од дома наместо да купувате брза храна на работа) и паметно планирајте ја храната за да не фрлате храна што не сте ја искористиле навреме.

Одвојувајте пари секој месец

Колкава сума ќе одвојувате од месечната плата зависи од вашите трошоци, но мислете на тоа дека колку и да тргнете на страна ќе биде повеќе од ништо. А кога еднаш ќе ги тргнете парите и ќе ги насочите кон една голема цел – одмор од соништата – следниот месец ќе биде полесно. Најдобро е да ги штедите тие пари во девизи или на посебна сметка на која може да ви тече и камата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе