Како децата во Бангкок играат фудбал?
Првите фудбалски терени што не се со правоаголен облик се наоѓаат во Бангкок, Тајланд. Поради пренаселеноста градот не нуди доволно спортски простори за децата. Неискористените површини сега се трансформирани во фудбалски терени благодарение на AP Thailand и дигиталната агенција CJ Worx.
Нивната мисија да создадат место каде младите луѓе ќе се чувствуваат исполнето резултираше со создавање на фудбалски терени со неправилна форма низ Бангкок, каде децата веќе играат фудбал и се дружат.