Фит

Како до рамен стомак без диети и вежбање?

29. ноември 2019 - 10:57 | М.С.

Отстранувањето на салото од стомакот е спор процес затоа што мастите најмногу се таложат во овој дел од телото.

Диетите со помош на кои за брзо време ќе изгубите килограми никогаш не се добри по здравјето, но има неколку одлуки и животни навики кои можат да ви помогнат да ги стопите непотребните маснотии од стомакот, пишува порталот Hello.

Пијте кафе

Кафе=губиток на тежина. Ова е една од најдобрите вести за сите љубители на кафето. Неодамнешното истражување на Медицинскиот факултет во Нотингем откри дека кафето стимулира маснотија во телото која согорува шеќери и масти за да створи телесна топлна, а со тоа предизвикува слабеење.

Спијте доволно

Вистината е дека недостатокот од сон придонесува зголемување на телесната тежина, па погрижете се да спиете осум часа.

Кога телото не е одморено, се зголемува количината на кортизол(хормонот на стрес), со што телото штеди енергија за да функционира во тек на денот. На тој начин маснотиите се таложат во телото, наместо да се трошат.

Опуштете се максимално

Кога се чувствувате исцрпено, вашето тело произведува повеќе од хормонот на стрес кој негативно влијае на дигестивниот систем, се чувствуате и изгледате подуено, а понекогаш може да дојде и до затвор.

Затоа обидете се да се опуштите секогаш кога имате време за тоа, без разлика дали се тоа неколку минути дневно, слушајте музика за медитирање, правете лесни вежби или гледајте ја омилената серија.

Направете си купка

Во вообичаена купка ставете и малку сол за капење затоа што солта го отстранува вишокот на вода од вашиот стомак.

Јадете црна чоколада

Ако сакате да си ја задоволите вашата желба за благо, толку многу што не можете да издржите, во тој случај обидете се да изедете неколку коцки темна чоколада. Најдобро е да побарате чоколада која содржи 70 отсто какао. Ако е возможно, одберете чоколада која содржи помалку од пет грама шеќери по оброк.

Пијте вода со лимон

Лесна, утринска рутина со помош на која ќе намалите обем на стомакот е голтка топла вода и лимон што може да ви помогне и во смирување на воспалувањето во цревата и намалување на подуеноста.

Престане да џвакате мастики

Кога џвакате мастика, голтате дополнителен воздух што доведува до подуеност. Освен тоа телото мисли дека јадете и започнува со подготовка, а кога нема да ја  добие очекуваната храна, има вишок киселини во желудникот.

Пијте зелен чај

Со редовното консумирање на зелен чај се ослободувате од маснотиите од масните станици во црниот дроб.

Исто така, најдобриот совет е да јадете поспоро и да ги контролирате порциите.

Коментирај