Книги

Како Џ.К. Роулинг ги исполни желбите на седумгодишно девојче од Сирија?

28. ноември 2016 - 20:29 | Б.С.Б.

Откако едно седумгодишно девојче од Сирија посакало да ги прочита книгите за Хари Потер, нејзината мајка ѝ пишала на авторката Џ.К. Роулинг, замолувајќи ја за примероци од книгите. Како писателката реагирала на нејзините молби?

Заедно со нејзиниот тим Роулинг успеала да ги достави книгите до девојчето, кое живее во источниот дел на Алепо, каде се наоѓаат бунтовниците и каде се водат најмногу битки. Нејзината мајка Бана Алабед преку Twitter успеала да контактира со Роулинг и да ја замоли за примероци од книгите, кои не се достапни во Сирија.

Авторката, со помош на нејзиниот тим пронашла начин книгите да стигнат во детските раце. Кога корисниците на Twitter ја прашале Роулинг како успеала да испрати книги во Алепо, авторката едноставно одговорила дека тајната се крие во електронските книги.

Коментирај