Како ЕУ ќе си го обели образот по корупцискиот скандал со Ева Каили?

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, најави реформи во насока на борба против „корупцијата“ и „странското мешање“ во работата на тоа тело на Европската Унија, како и одлуката за одземање на имунитетот на двајца европратеници поради корупцискиот скандал со лобисти и лица поврзани со ЕП и Катар.

„Настаните во изминатиот месец ја покажаа потребата од обнова на врските на доверба со европските граѓани што ги претставуваме“, рече Мецола на отворањето на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур. „Ќе преземеме чекори за зајакнување на борбата против корупцијата и средствата за борба против странското мешање“, додаде таа.

Минатиот месец Европскиот парламент го потресе истрагата на белгиското правосудство, во рамките на која беше приведена поранешната потпретседателка на тоа тело, грчката социјалистичка претставничка Ева Каили, под сомнение за корупција. Каили е во притвор по полициските рации минатиот месец, а на претходната пленарна седница на парламентот во декември беше сменета од функцијата потпретседател на ЕП.

Зголемување на транспарентноста

Во Стразбур, Мецола ја објави првата серија антикорупциски мерки кои имаат за цел да ја зголемат транспарентноста и да го отежнат влијанието врз законодавците на ЕУ.

„Ќе започнеме со мерки кои можат брзо да се спроведат и во исто време да започнеме долгорочен процес (реформи) за зголемување на транспарентноста и контролата врз тоа кој има пристап до парламентот“, најави таа.

„Ќе обезбедиме повеќе и појасни информации до јавноста“ за тоа што прави Европскиот парламент, „ќе забраниме активности кои може да предизвикаат забуна за официјалните активности на парламентот, особено во однос на односите со трети земји“, вети меѓу другото шефицата на ЕП.

Заедно со грчката европратеничкаа, неколку лица се осомничени за перење пари, здружување во криминална организација и примање мито од Катар, а под истрага се и двајца европратеници од Социјалистичкиот клуб, Белгиецот Марко Тарабела и Италијанецот Андреа Коцолино.

Случајот на Ева Каили

Мецола најави дека белгиските власти побарале да им се укине имунитетот и оти очекуваат конечна одлука за ова барање на следната пленарна седница на 13 февруари.

Според деловникот, барањето за одземање имунитет претседателот треба прво да го изнесе на пленарна седница, по што ќе го преземе надлежната Комисија за правни прашања.

Осомничените во истрагата на белгиското обвинителство се обвинети дека во замена за пари и подароци влијаеле на одлуките во Европскиот парламент во корист на домаќинот на Светското првенство во фудбал, Катар. Во декември, како дел од истрагата, беше претресен и домот на Тарабела во Брисел, објавија претходно белгиските медиуми.

Во среда, европратениците избираат нов потпретседател на местото на разрешената Ева Каили, која се очекува да го поддржат кандидатот предложен од Клубот на социјалисти и демократи (С&Д), Марк Ангел од Луксембург.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе