Како фудбалерите на Лестер ја прославија титулата?

Фудбалерите на Лестер освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата ја прославија во домот на напаѓачот Џејми Варди.

Во моментот кога судијата Марк Клатенбург го означи крајот на натпреварот на „Стенфорд Бриџ“, помеѓу Челзи и Тотенхем (2-2), започнала лудата журка во домот на Варди.

На две кола до крајот на првенството во Англија, Лестер стекна недостижни седум бода во однос на Тотенхем, а освојувањето на титулата, што преставува најголем успех во историјата на клубот, тимот на Раниери ќе ја прослави во сабота на мечот со Евертон на домашен терен.

„Неверојатно чувство. Се боревме да останеме во лигата минатата сезона, а во сабота ќе го подигнеме шампионскиот пехар. Тоа само покажува колку напорно работевме оваа сезона, секој играч посебно заедно со стручниот штаб. Ова е најголемиот успех во историјата на клубот, привилегија е што сме дел од оваа титула“, изјави Варди.

Капитенот на тимот Вес Морган, кој е избран во идеалниот тим на Премиер лигата, заедно со соиграчите Канте, Варди и Марез, истакнал дека е горд на сензационалниот успех.

„Но можам да го дочекам саботниот меч кога ќе го подигнам победничкиот трофеј. Горд сум на овие момци, сите сме како браќа. Никој не веруваше во нас, откако минатата сезона со тешка мака изборивме опстанок. А сега, сега сме шампиони и ќе играме во Лигата на шампионите. Ова е најубавиот момент во мојата кариера. Работевме напорно, го заслуживме ова“, рекол Морган.

Покрај во домот на Варди, каде славеа фудбалерите, изминатата ноќ се славеше низ улиците на Лестер и во локалните пабови.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=qPc_L36sqIQ]

 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе