Како функционира Shazam?
Shazam е една од најпопуларните мобилни апликации во последните неколку години, а потребата од неа станува пропорционално поголема со количината на музика која ја слушате. Но, дали некогаш се имате запрашано на кој начин работи Shazam?
Одговорот на ова прашање не е баш едноставен. За среќа, екипата на YouTube каналот Real Engineering направи кратко 10-минутно видео на оваа тема, во кое се појаснува работата на апликацијата – објаснето до детал, но доволно разбирливо за да го разбере дури и гледачот кој никогаш претходно не ја користел Shazam.