Зошто радарот не го детектира „невидливиот“ бомбардер Б-2 во лет? Одговорот може да го дознаете од видеото на Real Engineering, во кое се објаснува технологијата зад стелт бомбардерите.
Б-2 е изграден со помош на суперкомпјутер и посебни модели за да се развие заоблена форма, како и поставеност на моторот со цел да биде невидлив за радарите. Издувните гасови на моторот се на врвот на авионот за да се избегне да биде забележан од страна на уреди што се наоѓаат на земјата, пишува Gizmodo.
Дури и бојата на авионот е посебна, со честички од железо за да се апсорбира електромагнетната енергија и да ја претвора во топлина.
Повеќе дознајте од ова интересно видео:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=ya8umwgtsLw]