Фудбал

Како гласаа Меси и Роналдо во изборот за најдобар фудбалер?

8. јануари 2013 - 10:15 | Kајгана/Макфакс

Лионел Меси и Кристијано Роналдо, логично, не гласаа еден за друг, во изборот на ФИФА, за најдобар фудбалер на светот.

Имено, Меси, сметал дека неговиот глас треба да оди кај соиграчите Чави Ернандес и Андрес Иниеста. Третиот избор на Меси бил сонародникот Серхио Агуеро.

„Би било многу глупаво доколку сметам дека Кристијано не е еден од најдобрите. Едноставно, мислам дека ова се играчите за кои требаше да гласам“, рекол Меси. 

За разлика од Меси, Кристијано Роналдо воопшто не гласал, бидејќи бил повреден. 

„Добив силен удар додека бев со репрезентацијата и веднаш се вратив дома. Јас воопшто не гласав“, изјавил играчот на Реал Мадрид. 

ФИФА, во понеделникот, во годишниот избор за фудбалер на годината, по четврт пат го избра Аргентинецот Лионел Меси. 

Коментирај