Како гласаа Меси и Роналдо во изборот за најдобар играч на светот?

Лука Модриќ синоќа во Лондон го доби најпрестижното признание во кариерата - наградата за најдобар играч на светот.

Во конкуренција за оваа награда, покрај капитенот на хрватската репрезентација, се најдоа уште и Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Португалецот не се појави на доделувањето на наградите, иако е избран во најдобриот тим на годината.

Гласаа селектори и капитени на репрезентации, новинари и навивачи, а Модриќ славеше пред капитенот на португалската репрезентација и својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, а сега член на Јувентус, Кристијано Роналдо, односно пред напаѓачот на Египет и Ливерпул, Мохамед Салах.

Во однос на гласовите, капитенот на Аргентина, Лионел Меси, најмногу поени му даде токму на Модриќ, додека Кристијано Роналдо гласаше за Французинот Рафаел Варан, кој беше неговиот прв избор за играч на годината.

Модриќ победи со 29,05 отсто од гласовите, додека Роналдо беше втор со 19,08 отсто.

Португалецот, како што веќе споменавме, не се појави на свечената церемонија во Лондон, исто како и на 30 август во Монако, кога Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа, во изборот на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Модриќ и тогаш славеше пред Роналдо и Салах.

Од Јувентус од претходно порачаа дека никој од нивниот тим нема да присуствува во Лондон, бидејќи е прекратко времето до нивниот следен натпревар во рамките на Серија А.

Во прилог погледнете како гласаа Кристијано Роналдо и Меси, како и останатите капитени на репрезентациите:

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе