Сите очекуваа Вирхил ван Дајк да ги обедини наградите за најдобар играч на УЕФА и на ФИФА, но гласањето реши онаа втората да заврши кај Меси. Токму Холанѓанецот влијаеше на изборот гласајќи за Меси.
Аргентинецот по шести пат е најдобар во избор на ФИФА, а првпат по 2015. Интересно е што Меси не му даде ниту еден поен на Ван Дајк.
Гласовите на Лео Меси:
1. Садио Мане
2. Кристијано Роналдо
3. Френки де Јонг
Холанѓанецот си постигна вистински автогол. Му даде цели 5 поени на ривалот Меси и му помогна да победи. Другите два гласа ги подели кај соиграчите од Ливерпул.
Гласовите на Вирхил ван Дајк:
1. Лео Меси
2. Мохамед Салах
3. Садио Мане
Роналдо традиционално не гласа за своите најголеми ривали, па ни Меси ни Ван Дајк не добија ни бод. Затоа ги почасти новите соиграчи Де Лихт и Де Јонг.
Гласовите на Кристијано Роналдо:
1. Матајс де Лихт
2. Френки де Јонг
3. Килјан Мбапе
Од останатите играчи, издвојуваме неколкумина кои дадоа интересни гласови.
Чилеанскиот капитен Гари Медел имаше закачка со Меси на Копа Америка, а на крај го награди Аргентинецот со максимални поени.
Гласовите на Гари Медел:
1. Лео Меси
2. Кристијано Роналдо
3. Вирхил ван Дајк
Нашиот Пандев направи одличен избор. Најмногу поени му даде на Ван Дајк, потоа на Мане и Салах. Очигледно Пандев е и тоа како импресиониран од Ливерпул годинава.
Гласовите на Горан Пандев:
1. Вирхил ван Дајк
2. Садио Мане
3. Мохамед Салах
Изненадува изборот на Кјелини кој не му даде ниту бод на колегата од одбраната Ван Дајк. Како дефанзивец, барем Кјелини би требало да знае што направи Ван Дајк годинава.
Гласовите на Џорџо Кјелини:
1. Кристијано Роналдо
2. Френки де Јонг
3. Мохамед Салах
Од таборот на лутиот ривал Бразил дојдоа максимален број на гласови за аргентинскиот капитен.
Гласовите на Дани Алвис:
1. Лео Меси
2. Садио Мане
3. Вирхил ван Дајк
Не само од Бразил, туку и вечниот ривал Уругвај му помогна на Меси. И тоа идентичен редослед како Бразил.
Гласовите на Диего Годин:
1. Лео Меси
2. Садио Мане
3. Вирхил ван Дајк
Шпанецот Рамос очекувано дава најмногу поени на негов соиграч, а обавезно го наградува и својот другар Роналдо.
Гласовите на Серхио Рамос:
1. Еден Азар
2. Кристијано Роналдо
3. Мохамед Салах
Гласовите на Иго Љорис:
1. Лео Меси
2. Кристијано Роналдо
3. Килјан Мбапе
Гласовите на Мануел Нојер:
1. Вирхил ван Дајк
2. Садио Мане
3. Еден Азар
Гласовите на Еден Азар:
1. Садио Мане
2. Вирхил ван Дајк
3. Лео Меси
Гласовите на Лука Модриќ:
1. Кристијано Роналдо
2. Еден Азар
3. Лео Меси
Гласовите на Хари Кејн:
1. Лео Меси
2. Вирхил ван Дајк
3. Кристијано Роналдо