Google на својот прелистувач објави посебен дудл во чест на вчерашното откритие на НАСА, која откри нов сончев систем со дури 7 планети со големина како Земјата.
Во симпатичната анимација се појавуваат Земјата и природниот сателит Месечината кои со телескоп ја набљудуваат вселената.
Седумте планети кружат околу ѕвездата TRAPPIST-1, а дури три од нив се наоѓаат во зоната во која може да се развива живот. Повеќе за овој сончев систем и егзопланетите може да прочитате во нашиот текст за откритието.