Како изгледа градник од милион долари?

Модната куќа Victoria's Secret го претстави новиот градник Fantasy Bra со кој ќе ја отвори годинашната ревија на долна облека.

Честа да го носи „градникот од соништата“ оваа година ѝ припадна на Швеѓанката Елса Хоск, модел со седумгодишен стаж меѓу Ангелите на Victoria's Secret.

Градникот го дизајнираше Swarovski и се состои од 21.000 дијаманти, а неговата вредност се проценува на 1 милион долари.

Изработката на Fantasy Bra траеше 930 часа, а покрај градникот, Елса ќе носи и кристален ѓердан и белегзија што за Swarovski ги дизајнираше Кристофер Кејн.

„Ова е најубавиот градник што некогаш сум го видела и одлично се вклопува во мојот личен стил. Ме враќа во 90-тите и целиот е направен од дијаманти – тоа за мене е совршено“, беше првата реакција на Елса кога го виде градникот.

Ланскиот Fantasy Bra чинеше двојно повеќе и беше изработен од злато и опточен со повеќе од 6.000 скапоцени камења, меѓу кои дијаманти, жолти сафири и син топаз. Го носеше Лаис Рибеиро.

Годинашната ревија на Victoria's Secret ќе се одржи задутре, на 8 ноември, во Њујорк.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе