Како изгледа површината на Месечината?
Американската агенција за истражување на вселената објави снимка од површината на Месечината во 4K резолуција, која е своевидна тура по Земјиниот сателит.
Целата видео-презентација направена е врз основа на податоци, кои сондата на NASA, „Lunar Reconaissance Orbiter“, ги собирала во период од девет години.
Вселенското летало уште од 2009 година кружи околу Месечината на висина од 50 километри.