Здравје

Како изгледа процесот на создавање мед?

5. ноември 2019 - 11:41 | Б.С.Б.

Во најновото видео на Tasty ќе дознаете повеќе за создавањето на медот, работата на пчелите во процесот на создавање и како изгледа крајниот продукт.

Пчелите го создаваат медот од цветен нектар, го складираат во восочна структура наречена саќе.  Медот служи како храна за ларвите на пчелите или како храна за возрасните единки во текот на зимата.

Медот може да се собира од диви колонии на пчели или од кошници на домашни пчели, како што е случајот прикажан во видеото. Се собира така што пчеларот користи димник кој чади, а чадот ги прави пчелите помалку агресивни.

Медот не се расипува, повеќето микроорганизми не се способни да растат во него. Луѓето одамна консумираат мед, пештерски цртежи стари 8.000 години откриени во Валенсија, Шпанија покажуваат човечки фигури како собираат мед.

Коментирај