Авто новости

Како изгледа производството на BMW Gran Coupe?

11. ноември 2019 - 11:48 | М.С.

Новиот модел на BMW започна да се произведува во фабриката во Лајпциг.

Mоделот од Серија 2 со кој пристигнува 4,56 метри долга каросерија со четири врати, ќе започне да се произведува во фабриката во Лајпциг, во која веќе се произведуваат осум модели од оваа понуда.

Како деветти модел во низата, BMW 2 Gran Coupe до првите купувачи ќе пристигне на почетокот на пролетта, а ќе се нуди во комбинација со неколку пакети опрема и познати бензин и дизел мотори.

Најмоќната верзија ја придвижуваат дволитарски четирицилиндричен турбо бензин мотор со 306 коњски сили, кој се крие под ознаката M235i.

Оваа серија ќе биде претставена на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Во фабриката се инвестирани 300 милиони евра, а целта е да се произведуваат 1.000 автомобили дневно.

Коментирај