Авто новости

Како изгледа возењето автомобил кој никој не може да го има?

18. септември 2019 - 13:15 | М.С.

Mercedes Maybach Exelero е еден од оние автомобили кои секој вљубеник во автомобили би посакал да ги има во својата гаража, но овој модел не може да го купите затоа што е произведен само еден примерок.

Mercedes, односно Daimler, го направи единствениот примерок во соработка со Fulda, германскиот производител на гуми.

Моделите Fulda Exelero почнаа да се произведуваат во 2004 година, а Fulda секогаш прави примерок кој го задржува во салонот на компанијата.

Mercedes го направи Exelero со V12 твин турбо мотор со јачина од 690 коњски сили и максимален вртежен момент 1.020 Nm.

Автомобилот се движи со 350 километри на час.

Ентериерот е направен од кожа, LCD контролна табла со LED светла во целата внатрешност на автомобилот, а за оние кои се возат на задните седишта, има држачи за чаши, LCD екран од 8 инчи и уште многу детали.

Овој автомобил е уникатен и ќе стои изложен во продажниот салон.

Коментирај