Најдобра реклама против пушењето

Како изгледаат белите дробови на човек кој пушел цигари цели 30 години?

Шокантни снимки од хируршка сала во Кина прикажуваат како изгледаат белите дробови на 52-годишен човек кој константно пушел цигари 30 години.

Лекарите од кинеска болница во провинцијата Џиангсу ги извадија органите на 52-годишен маж кој починал, а претходно се пријавил да ги донира органите по неговата смрт. Неговите бели дробови биле воспалени и јагленосани. Лекарите брзо сфатиле дека нема да можат да ги искористат за да спасат нечиј живот.

Доктор Чен, хирург за трансплантација на бели дробови кој ја водел операцијата изјави:

„Пациентот не беше изложен на ЦТ преглед пред смртта. Кога беше прогласена мозочна смрт, неговите бели дробови беа трансплантирани брзо потоа. Почетните тестови на индексот на оксигенација беа во ред, но кога ги видовме органите, сфативме дека нема да можеме да ги употребиме. Би било непрактично да кажеме дека не би ги прифатиле сите бели дробови од пушачи, но постојат строги стандарди. Претходно прифаќавме бели дробови од луѓе помлади од 60 години, со помали инфекции“.

Видеото од операцијата во болницата е прегледано повеќе од 25 милиони пати на социјалните мрежи, а корисниците го прогласија за „најдобра реклама против пушењето“.

„Дали сè уште имате храброст да пушите?“, прашуваат од болницата.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе