Како изгледала Софија Вергара пред да стане славна?
Денес важи за една од најплатените ТВ актерки, но малкумина знаат дека првично Софија Вергара се запишала на студии на стоматологија на Универзитетот во Колумбија. Студирала 3 години, па следела поголема пауза поради аранжман во популарна сапуница. Само два семестра ја делеле од диплома, но се откажала од студиите и кариерата ја продолжила како актерка.
Денес нема некој во светот кој не чул за убавата Колумбијка, но пред да се прослави во Холивуд никој не ја познавал. Сега се објавени нејзини фотографии од периодот пред холивудската кариера. Млада и убава, со поинаква фризура и градба, Софија и тогаш предизвикувала внимание со својата убавина.