Вести
МЕРКУР СЕ ПРОШЕТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И СОНЦЕТО

Како изгледаше Транзитен Меркур: Феноменот следен пат ќе го видиме во 2032 година

12. ноември 2019 - 9:22 | А.С.

Вчера беше возбудлив ден за астрономите и вљубениците во астрономијата. Имавме прилика да видиме редок небесен феномен.

Планетата Меркур вчера помина меѓу Земјата и Сонцето - астрономски феномен наречен „Транзитен Меркур“.

Следен пат кога ќе може да се набљудува овој феномен ќе биде во 2032 година.

Транзитниот Меркур беше видлив во форма на мала црна точка како се движи преку сончевиот диск од левиот раб кон десниот.

Најдобар и најдетален поглед на феноменот, без никакви попречувања, имаше вселенското летало во орбитата меѓу Земјата и Меркур.

Транзитот од Земјата можеше да се набљудува само со посебни телескопи со филтри за сонце

Транзитот почна во 13 часот и 35 минути, а максималната фаза беше во 16 часот и 19 минути, додека крајот на транзитот беше во 19 часот и 4 минути, но тоа не беше видливо кај нас бидејќи во тој период веќе беше зајдено Сонцето.

Според поставеноста на Земјата во Сончевиот систем, единствените „прошетки пред Сонцето“ видливи за нас се оние на Меркур и Венера.

Во еден век има околу 13 транзити на Меркур, со што оваа небесна појава се вбројува во ретките. Четири вакви појави се случија во оваа деценија, а следниот Транзитен Меркур може да го очекуваме во 2032 година.

Секако, НАСА беше најдобро опремена да го документира овој феномен, со телескопи поставени на Земјата, но и во вселената.

Ова се најдобрите снимки од пет и полчасовната прошетка на Меркур меѓу Земјата и Сонцето:

Коментирај