Авто новости

Како ќе изгледа новиот Hyundai Tucson?

20. септември 2019 - 12:55 | А.С.

Новиот Tucson нема да се појави во нареднава година, но на интернет веќе кружат неофицијални рендери за овој автомобил.

Актуелната генерација на компактниот SUV модел на Hyundai дебитираше во 2015 година, а со оглед на тоа дека животниот век на современите модели сѐ повеќе се скратува, корејскиот производител интензивно работи на неговиот наследник.

Благодарение на некои независни дизајнери, на сајтот kolesa.ru веќе се појавија шпекулативни рендери за ова возило.

Рендерите се направени врз основа на „шпиунски“ фотографии на маскираниот претпродукциски автомобил што беа снимени на тестови на јавни сообраќајници.

Коментирај