Како куп глупаци си го уништија iPhone 7?
Уште еден пример на бесконечната глупавост на човечката раса - сопствениците на iPhone 7 почнаа масовно да ги дупчат своите уреди, верувајќи дека постои „скриен” 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, откако вирално видео кое се појави на YouTube и е прегледано над 10 милиони пати, демонстрираше „постоење” на приклучокот. Само, има еден проблем, видеото е шега.