Најлонските кеси денес се еден вид симбол на проблемите предизвикани од загадувањето на планетата Земја, особено кога станува збор за пластика.
Меѓутоа, иако е лесно да се каже дека најлонската кеса е штетна за животната средина, по внимателно истражување се доаѓа до заклучокот дека сепак човекот е виновен за тоа, бидејќи како и многу други работи, погрешно ги користи најлонските кеси.
Човекот кој ја измислил најлонската кеса, Стен Густав Тулин, ја замислил како производ што ќе ѝ помогне на планетата Земја, со цел да спречи експлоатирање на шумите за производство на хартиени и памучни кеси.
Проблемот се јавил во начинот на употреба – идејата на Тулин била најлонските кеси да бидат со повеќекратна употреба, но мрзата на луѓето и лесната достапност на кесите си го направија своето.
Во прилогот на BBC, новинарката Лора Фостер подетално ја објаснува приказната и нуди совет како да направите правилен еколошки избор во користењето кеси.