Софтвер

Како (не) функционира системот за препознавање лица?

29. јули 2019 - 18:02 | А.С.

Многу е лесно да ве фати страв од последиците од користењето на систем за препознавање лица, но во основа тоа е едноставен систем за поклопување сличности.

Алгоритмот востановува сет карактеристики и бара поклопувања, како интернет прелистувач или систем за конвертирање говор во текст. Проблемот се јавува во начинот на кој луѓето го користат и за која цел – од маркетинг до, контроверзното полициско набљудување.

Овие проблеми може значително да се влошат ако системот не се користи онака како што е замислен.

Едно неодамнешно истражување на универзитетот Џорџтаун покажа дека припадниците на Њујоршката полиција намерно ги манипулираат фотографиите пред да ги стават во системот, честопати монтирајќи око или уста од друг лик за да може фотографијата да влезе во системот.

Во еден случај, полицијата дури употребила фотографија од актерот Вуди Харелсон, бидејќи очевидецот го опишал напаѓачот како маж кој личи на Харелсон!

Системите за препознавање лица не се замислени да се користат вака и резултатот на тоа е – сигурно погодувате: огромна стапка на грешки.

Коментирај