Живот

Како паметните луѓе се однесуваат кон оние кои не ги сакаат?

26. март 2019 - 19:09 | Б.С.Б.

Во идеалниот свет сите луѓе со кои комуницираме би биле добри, љубезни и внимателни, нема никогаш да нè повредат и на сите ќе им се допаѓаме. Но, во реалноста постојат луѓе кои нè излудуваат, а и ние сме способни да ги налутиме другите. И сето тоа е океј.

Не ги сакаме оние кои се невнимателни кон другите, груби, се мешаат во туѓи животи и не ги сфаќаат потребите на другите луѓе, а се грижат единствено за себе си. Веројатно се прашувате како да бидете објективен во односот на оние кои постојано ве нервираат. Како да бидете љубезни и пријателски настроени кон секоја личност која ќе ја сретнете?

Дури и во идеалниот свет, создавањето групи исклучиво од луѓе кои ви се допаѓаат е нереално. Затоа паметните луѓе често комуницираат со луѓето кои не ги сакаат. Само затоа што мораат тоа да го прават.

Еве неколку начини како успеваат во тоа:

1. Признаваат дека не може сите да им се допаднат

Понекогаш паѓаме во замка, мислејќи дека сите сме добри. Веруваме дека ги сакаме сите што ќе ги сретнеме, дури и кога тоа не се случува. Но, неизбежно е дека ќе сретнете и тешки луѓе кои се противат на тоа што вие го мислите. Паметните луѓе се свесни за тоа и признаваат дека конфликтите или разликите се резултат од поинакви системи на вредности.

Личноста која не ја сакате можеби во принцип е добра личност. Причината за вашето одбивање е тоа што имате различни вредности, а таа разлика создава напнатост. Кога еднаш ќе потврдите дека не ве сакаат баш сите поради разликите во системот за вредности може да ги елиминирате емоциите и да ја процените ситуацијата. Тоа ќе ви помогне да постигнете договор.

2. Ги толерираат тие кои не ги сакаат, не ги игнорираат

Се разбира, можете да трпите нечии постојани критики, да стиснете заби како одговор на лоша шега или да на обратите внимание, но не постои нешто пострашно од потиснување на иритација. Во животот потребни ви се луѓе кои имаат различни гледишта и не се плашат од расправа. Тоа не е лесно, но мора да се толерираат. Често, тоа се луѓе кои нè провоцираат, но и охрабруваат за ново разбирање и помагаат групата да стигне до успех. Запаметете дека и вие не сте совршени, но луѓето сепак ве толерираат.

3. Пристојни се кон оние кои не им се допаѓаат

Без разлика на вашите чувства кон некого, другата личност ќе се раководи според вашето однесување и односот кон неа и веројатно ќе ве третира како и вие неа. Ако вие сте непристојни кон неа, веројатно за возврат и таа личност ќе биде непристојна кон вас. Ако сте љубезни, луѓето ќе бидат толерантни кон вас.

4. Не го анализираат другиот, туку себе

Без разлика што и да доживувате другите не можат да влезат во вашата кожа. Важно е да знаете како да управувате со вашите чувства кога имате работа со некој кој ве нервира. Наместо да мислите дека оваа личност ве нервира, фокусирајте се зошто е тоа така. Често не го сакаме кај другите тоа што не го сакаме кај себе. Полесно е да ги промените вашите перцепции, ставови и однесувања отколку да направите некој друг да стане поинаква личност.

Коментирај