Како поминаа новите iPhone модели на тестовите за издржливост?
Кога ги претстави своите најнови iPhone модели, компанијата Apple тврдеше дека нивното стакло е поцврсто од сите останати конкуренти, а сега тоа тврдење е ставено на тест.
На YouTube е објавено видео, на кое е прикажано тестирање на издржливоста на новите iPhone XS и iPhone XS Max.
Смартфоните од различна висина се пуштени да паѓаат на бетон, а на површината удираа со работ, предниот и задниот дел од телефонот.
Поголемиот дел од тестовите, новите уреди на Apple ги преживеаја без оштетување.
Сепак, и покрај тврдењата на произведувачот, купувањето на добра заштитна маска е секако добра идеја.