Како различни генерации реагираат на делото на Стен Ли?
Неповторливиот автор и издавач кој стои зад стриповската машинерија Marvel, Стен Ли, почина на 12 ноември на 95-годишна возраст. Тој стоеше зад култни стриповски и филмски франшизи како „Spider-Man“, „The X-Men“, „Thor“, „Iron Man“ и многу, многу други.
Неговиот лик и дело ќе го паметат сите генерации кои тој успеал да ги допре со неговиот гениј. Како реагираат луѓе на различни возрасти на сите негови потфати видете во видеото.