Мобилни

Како Samsung ја тестира издржливоста на смартфоните?

9. ноември 2018 - 10:47 | Б.С.Б.

Во лабораторијата на Samsung во Сувон, Јужна Кореја за тестирање на квалитетот постои робот кој се употребува за тестирање на издржливоста на смартфоните.

Всушност, станува збор за роботски задник и тој е само една од методите за тестирање.

Тестовите за квалитет се многубројни, а меѓу нив е и роботски задник кој седнува на уредите. Во лабораторијата се вршат и тестирање на звукот, топлотни тестирања на смартфоните, падови од висина, па дури и користење на смартфоните во симулирани екстремни временски услови, пишува Techradar.

Коментирај