Како се купува Оскар?

Холивудската актерка и оскаровка Сузан Сарандон реши јавно да проговори за една многу нефер состојба во филмската индустрија во САД за која сите знаат, но ретко кој зборува јавно.

Сарандон, која на Филмскиот фестивал во Торонто го претставува нејзиниот најнов филм, го критикуваше доделувањето на престижните награди на Американската академија за филмска уметност и наука, кое денес, повеќе од кога било се купува со интензивно лобирање и огромно вложување пари.

„Пет пати сум била номинирана и еднаш освоив Оскар, но тогаш за тоа не требаше да се трошат пари“, рече актерката која освои Оскар за улогата на Хелен во филмот „Dead Man Walking“ од 1995 година.

„Такво нешто денес веќе не би било возможно“, додаде таа и ги осуди скапите кампањи за лобирање што се водат и по шест месеци пред гласањето, преку свечени приеми, ВИП проекции на филмовите и други скапи настани за „умилкување“ на членовите на Академијата.

Сарандон ја даде смелата изјава на вториот ден од фестивалот во Торонто, најголемиот филмски фестивал во Северна Америка што ќе заврши на 15 септември.

Филмот „Blackbird“ во кој игра мајка која е смртно болна и бара евтаназија, ќе биде претпремиерно прикажан на фестивалот.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе