Желбата за пица не исчезнува никогаш. А кога сте во вселената, расте и се шири како космосот.
Астронаутите во Меѓународната вселенска станица повторно правеа пица во нулта гравитација, што им ја отежнуваше работата, но желбата за пица беше поголема од сѐ друго.
„Долгата напорна работна недела и вселенската прошетка си бараат пица забава. Правењето пица во вселената е слично како на Земјата, со таа разлика што нашите рерни за печење изгледаат малку поинаку и нашата пица лебди! Дали некој на Земјата ќе јаде пица вечерва?“, напиша астронаутот Ник Хејг на неговиот Twittter профил.