Како се снајде Ferrari 488 Pista на патеката Нирбургринг?
Ferrari 488 Pista и возачот Кристијан Гебхарт го завршија кругот на патеката Нирбургринг за точно седум минути. Овој резултат е одличен меѓу најбрзите продукциски автомобили чии времиња се мерени на Нирбургринг.
Со 3,9-литарски V8 битурбо мотор кој располага со 720 коњски сили и максимален вртежен момент од 770 Nm, автомобилот од 0 до 100 километри на час достигнува за 2,85 секунди и развива максимална брзина од 340 км/ч.