Како се создава автомобил од 3 милиони долари?
Автомобилскиот произведувач Koenigsegg го покажа процесот на производство на едно од нивните возила, моделот Jesko вреден 3 милиони долари.
Името го добил по таткото на сопственикот на компанијата. Џек Рикс од Top Gear направи тура во фабриката на Koenigsegg, каде се градат најбрзите автомобили во светот.
Во видеото ќе видите како изгледа создавањето на споменатиот модел, продаден во 83 примероци пред премиерата во Женева, а преостанатите 42 се резервирани и се во процес на создавање.