Фото

Како се создаваат прекрасните #FollowMeTo фотографии?

1. април 2016 - 15:34 | Д.П.

Рускиот фотограф Мурад Осман и неговата жена и моделка Натали, стана познати со нивниот серијал #FollowMeTo фотографии што ги објавуваат на Instagram.

Видеото од зад сцената покажува како се справуваат со локацијата и метежот за да ја направат фотографијата и како изгледа фотографирањето за Instagram.

Фотките #FollowMeTo станаа популарни во 2013 година, а на нив се гледаше Натали како го води сопругот на пат низ светот.

Осман најави дека нивните 3,9 милиони следбеници на Instagram наскоро можат да очекуваат нов интересен проект.

Loading the player...

 

Коментирај