Фудбал

Како се забавува Меси на Ибица?

29. јули 2019 - 9:51 | Кајгана/МИА
Ибица, 29 јули 2019 (МИА) – Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ужива во паузата пред почетокот на предсезонската подготовка. Неговата популарност, сепак, го спречува да оди незабележано речиси насекаде, а понекогаш и му носи проблеми.

На социјалните мрежи се појави видео од Ибица, на кое се гледа како поднапиен човек го бара не само вниманието на Аргентинецот, туку, според корисниците, дури и се расправа со него. Лео веднаш бил опкружен од обезбедувањето за да се избегне инцидент со човекот.

Фудбалерот ги помина последните денови од одморот во друштво на неговата сопруга, како и соиграчите Луис Суарез, Цеск Фабрегас и Жорди Алба. На социјалните мрежи се објавени фотографии од славните фудбалери и нивните сопруги.

 

 

 

 

 

 

Коментирај