Како со пешачење може да го намалите ризикот од деменција?

А.С.
/ 07.09.2022 / 14:14

Сакате да го намалите ризикот од деменција? Почнете да броите чекори.

Најново истражување покажа дека доколку правите помеѓу 3.800 и 9.800 чекори секој ден, го намалувате ризикот од оваа болест.

Луѓето на возраст меѓу 40 и 79 години кои правеле 9.826 чекори дневно имале 50% помали шанси да развијат деменција во период од седум години, покажа студијата. Оние кои оделе со малку побрзо темпо, со повеќе од 40 чекори во минута, го намалиле ризикот од оваа болест за 57% со само 6.315 чекори дневно.

Дали темпото е поважно?

„Лекарите би можеле да ги искористат овие наоди за да ги мотивираат постарите луѓе кои имаат многу седечки начин на живот. Многумина можат да направат 4.000 чекори дневно, дури и оние кои не вежбаат или кои немаат голема мотивација“, вели Борха дел Позо Круз од Универзитетот во Јужна Данска и Универзитетот Кадиз во Шпанија.

Студијата покажа уште една интересна работа. Најголемо намалување на ризикот од деменција (62%) постигнале оние кои оделе со многу брзо темпо од 112 чекори во минута по 30 минути дневно. Затоа, научниците веруваат дека оние кои сакаат да го намалат ризикот од деменција всушност треба да се фокусираат на темпото на одење.

„Иако 112 чекори во минута е прилично брзо, на повеќето им е многу полесно да издржат од 10.000 чекори дневно, особено ако досега биле помалку физички активни“, објаснуваат експертите.

„Веруваме дека интензитетот е поважен од бројот на чекори. Но, потребни се повеќе истражувања“, изјави Дел Позо Круз за CNN.

Ограничувања на студијата

Научниците наведуваат дека студијата, спроведена на повеќе од 78.000 испитаници, имала одредени ограничувања, односно дека била само набљудување и споредба и дека не е утврдена причинско-последична врска помеѓу пешачењето и помалиот ризик од деменција.

„Покрај тоа, возрасниот опсег на учесниците може да резултира со ограничени случаи на деменција, што значи дека нашите резултати можеби не можат да се генерализираат за постара популација“, се вели во студијата.

„Бидејќи деменцијата често се дијагностицира доцна, а оваа студија не вклучуваше формални клинички и когнитивни проценки на деменцијата, можно е преваленцата на деменција во заедницата да била многу поголема“, додаваат истражувачите.

Студијата Association of Daily Step Count and Intensity With Incident Dementia in 78 430 Adults Living in the UK беше објавена во списанието JAMA Neurology.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Фит

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе